• Пон - пет: 08.00 - 16.00
  • саб / нед: затворено (освен за итни безбедносни интервенции)

ПОВЕЌЕ ЗА МАКАЛАРМ СЕРВИС ДООЕЛ СКОПЈЕ

За нас

Макаларм се грижи за вашата безбедност од 1991.

Макаларм е меѓу првите компании кои што работат со техничко обезбедување во Македонија. Компанијата е основана во 1991 година со 100% сопствен капитал. Од своето основање активно се грижи за безбедноста на своите клиенти нудејќи квалитетни и интегрирани решенија за техничка безбедност. Во оваа индустрија, еден пристап не одговара за сите клиенти, и затоа, за секој поединечен клиент изработуваме индивидуален и персонализиран план за безбедност кој вклучува дизајн, инсталација и одржување на широк спектар на системи. Решенијата кои ги нудиме и се однесуваат на: видеонадзор, сензори, технички мониторинг, аларми, автоматски рампи, централи, контрола на пристап, интегрирани системи, противпожарни системи, софтвери за анализи и мрежи.

Независно од изведувачите на деловните објекти/простории, Макаларм може да понуди и елаборати за заштита од пожар согласно позитивните законски прописи во Македонија.

Во однос на проектниот менаџмент, нашиот пристап е индивидуализиран и вклучува бесплатни консултантски услуги каде што назначен тим од експерти работи со секој поединечен клиент за целосно да ги разбере безбедносните, техничките или интеграциските потреби или пак да ги идентификува потенцијалните пропусти во постоечките системи. Она што се добива како краен резултат е ново персонализирано решение или пак препораки за надградба на постоечките решенија. Понатаму, имаме можност за изготвување на проектна документација за дизајн безбедносен систем кој е наменет исклучиво за поединечниот клиент и е во согласност со барањата поставени во периодот на консултација. Согласно договорената динамика, нашиот тим го инсталира одобрениот технички систем и нуди услуги за одржување и сервисни служби се достапни 24 часа, 7 дена во неделата.

ГРАНТОВИ

Макaларм е добитник на грант од страна на Фонд за иновации и технолошки развој.

Софтверското решение NovaРark е комплетно решение од хардвер и софтвер за контрола и наплата на паркинзи.

NovaРark прикажува на реални податоци од самите паркинзи, како бројот на слободни паркинг места, цената за паркирање од час, и статистички податоци за зафатеноста на паркинзите и се овозможува во реално време да се прегледаат слободните паркинг места на паркинзите кои ќе се поврзат на системот. Овозможено е и плаќање преку интернет за паркинг местото како и резервацијата на паркинг место преку мобилната апликација.

Дознај повеќе

РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА

Државни институции и јавни претпријатија

• Влада на Република Македонија

• Собрание на Република Македонија

• Министерство за Финансии

• Министерство за Правда

• Министерство за Одбрана

• Министерство за Економија

• Агенција за државни патишта

• Дирекција на Царина - Скопје

• Основно Јавно Обвинителство на Република Македонија

• Уставен Суд

• Архив на Република Македонија

• Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија

• Агенција за Катастар на Недвижности

• Државен Испитен Центар

Амбасади и странски преставништва

• Амбасада на Франција

• Амбасада на Велика Британија

Финансиски институции и банки

• Народна банка на Македонија

• Македонска Берза АД

• Стопанска банка АД Скопје - главен деловен центар и 70 подружници

• Комерцијална банка - главен деловен центар

• Македонска банка - главен деловен центар и 36 подружници

• Шпаркасе банка

Музеи

• Спомен Дом на културата - Битола и Тетово

• Музеј на Холокаустот

• Музеј на Револуционерната Борба

• Археолошки музеј

Приватни и државни болници

• Клиничка болница “Аџибадем Систина”

• Клинички центар “Мајка Тереза”

• Државна Болница – Прилеп

• Клиничка Болница “8-ми Септември”

Образови институции

• Универзитет Св. Кирил и Методиј - Ректорат

• Европски Универзитет - Скопје и Охрид

• Универзитет ФОН

Трговски центри

• Градски Трговски Центар

• Скопски Саем

• “Рамстор” шопинг центар и 21 супермаркет

• Реплек Хубо Маркет

Електродистрибуција

• ЕВН Македонија - 25 објекти

• АД МЕПСО Македонија

• Хидроцентрала “Брана Лисиче”

Прехрамбена индустрија

• Индустри Сервис ДОО - фабрика Скопје

• Агроплод – Ресен

• Жито Вардар – Велес

• Жито Лукс – Скопје

• Пекабеско

Останато

• Тутунски Комбинат “Imperial Tobacco”

• “T-Mobile” Македонија

• TAV Аеродром Скопје

• Макпетрол АД

• Спортски центар “Јане Сандански”

• Хотел Русија

• Фудбалска Академија на ФК Вардар

• Македонија Лек

• Реплек АД

• Технометал АД

700

реализирани проекти

50

активни клиенти

150

задоволни клиенти

5

застапништва